Целосна нега до јасен поглед

Ги решаваме сите видови повреди на предниот очен сегмент. Работиме со дечиња од најмала возраст (бебиња).

OCT томографија

Дијагностицирање и следење на очни болести на задниот очен сегмент

Фундусскопија

Следење на секоја анатомска промена и еволуција во мрежницата и видниот нерв

Ехографија

АБ скен и биометрија или спитување на окото со Ултразвук

Периметрија

Дијагностичка процедура кај пациенти со болести и промени на видниот нерв и ретината

Наши услуги

Поликлиниката за очни болести во амбулантниот дел каде се обавува прегледот на пациентот е опремена со машини и апарати за извршување на прегледи од предниот и задниот сегмент на окото со директна и индиректна интервенција

Операција на катаракта

Операцијата на катаракта ја работиме на два начина: со ултра звук или позната во народот како phaco метода; а кај комплицираните и секундарните катаракти со ЕCCE или конвенционална метода.

Операција на Глауком

Ние долги години ја применуваме Трабекултомијата како оперативно решение за регулирање на очниот притисок. Се прави by pass - премостување во истекот на течноста од окото. Од големо значење е постоперативното следење на пациенотот.

Операција на Страбизам

Кандидатите за оперативно лекување, пред сѐ потребно е да се пациенти од нашата установа, долго време следени и третирани од особа која е едуцирана за Ортоптика и Плеоптика. Офталмологот кој ги изведува овие оперативни процедури поседува едукација за Страбологија.

Птеригиум

Вршиме операција на надворешно перде (Птеригиум). Птеригиумот се појавува на површината на рожницата.

Халазион

Халазионот е безболна појава која се јаува поради зголемување на жлездата која го произведува масниот слој на солзниот филм (Маибомови жлезди).

Закажете преглед

Целосна нега до јасен поглед

Побарајте нѐ уште денес
+389 2 3222 533

За нас

Дојдете кај нас ако ви треба помош од искусен офталмолог.

ПЗУ Офталмос, е офталмолошка приватна ординација која постои од 2003 година, сместена во центарот на градот на улица 8-ма Ударна Бригада бр.20 (во близина на италијанска амбасада)

Нашата установа располага со современа компјутеризирана апаратура за дијагностика и операција. Кадровски сме покриени со стручен тим на доктори и останат медицински персонал кои се на ниво на останатите европски држави. За да биде опфатена и соодветно третирана целокупната офталмолошка патологија, имаме специјалисти-офталмолози како надворешни соработници.

Поликлиниката за очни болести Офталмос, во дијагностицкиот дел поседува машини и апарати за извршување на прегледот од предниот и задниот сегмент на окото, со директна и индиректна биомикроскопија, одредување острина на видот (одредување на очила и контактни леки) со Рефракто-кератометрија, Офталмометрија, мерење на очен притисок со безконтактен Тонометар, Гониоскопија.

  • - Вршиме прегледи кај бебиња и деца од прешколска возраст
  • - Лекуваме пациенти со повреди од механички и хемиски карактер
  • - Испитуваме и лекуваме болести на солзниот систем

Апаратите и машините во Офталмос овозможуваат поставување на рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување, соодветно на современите светски стандарди.

  • Директна и индиректна биомикроскопија и офталмоскопија
  • Компјутеризирана дијагностика на рефракциските аномалии
  • Во Поликлиниката за очни болести Офталмос се изведуваат совремни технолошко-стручни операции со локална анестезија, капки.

Поликлиниката за очни болести Офталмос, во дијагностицкиот дел поседува машини и апарати за извршување на прегледот од предниот и задниот сегмент на окото, со директна и индиректна биомикроскопија, одредување острина на видот (одредување на очила и контактни леки) со Рефракто-кератометрија, Офталмометрија, мерење на очен притисок со безконтактен Тонометар, Гониоскопија.

Д-р Стојан Пандов

Доктор Офталмолог


Уште во рано детство сум ја засакал медицината, здравството. Сакав да учам и станам лекар. Така во текот на основното образование и Гимназија, секогаш тлееше во мене мислата дека еден ден ќе бидам лекар. Дојде и тој ден откако матурирав. Гимназијавата во Скопје, да се запишам на Медицински факултет. Мојата желба со финансиските можности на моите родители не одеше паралелно. Со финансиска помош, стипендија од Армијата на Југославија, медицински студии запишав на Универзитот во Загреб, Република Хрватска. Како првенец на Медицинскиот факултет во Загреб, на 23 годишна возраст, во 1966 година станав најмлад лекар во тогашна Југославија.

Како млад лекар и по моја желба ми беше доделено работно место во Воената болница во Скопје, а по неколку години и во Воено Медицинската Академија во Белград, на Клинијата за очни болести. Во текот на 1974 година ја завршив специјализацијата по Офталмологоија.

Како млад перспективен офталмолог ми беа овозможени дополнителни школувања во странство. Така во текот на 1981 година бев на школување во траење од шест месеци, во Лондоно, Англија, за Глауком во Морфилдс Хоспитал. Нареднивте две години едно по друго бев испратен во Вирзбург, Германија за Глауком, а наредната година во Ерлангтен, Германија за операција на Катаракта. И така да не ги набројувам местата каде се наобразував, во 1989 година бев на школување во Рим, Италија за оперативно лекување на Рефракциските аномалии и солзните патишта.

Паралелно со моето усовршување во странство посетував и стручни манифестации, Конгреси, Симпозиуми во земјата и надвор од неа, наравно со мои стручни трудови од областа на Офталмологија.

Првиот забележителен резултат од моите стручни усовршување го релизирав во текот на 1987 година. Првпат во Република Македонија имплантирав вештачка леќа со операција на катаракта, перде. Овој настан веше голем потик и успех за мене и Воена болница. Имаше голем одел во офталмолошката и здравствена фела на Македонија и Југославија.

Сега скоро 20 години сум вработен во Приватната Установа Офталмос. Со моето рботно искуство зад мене се преку десет илјади помали и поголеми оперативни захвати на Катаракта и Глауком. Сеуште ги гледам современите стручни и технички достигнувања во испитувањето, лекувањето и операциите во Офталмологијата.

Од нашиот блог

Што е Страбизам?

Прв чекор во третирањето на страбизмот е откривање на рефракциската аномалија и одредување соодветна оптичка корекција и нејзино редовно носење.

Катаракта или перде

Во окото се наоѓа природна лека која е сместена позади зеницата и ирисот . Таа е дел од диоптрискиот систем на окото и покрај другите оптички средини има задача да ги прекршува светлосните зраци од гледаните предмети.

Лекување на Глауком

Поставувањето на дијагнозата оди со редовно мерење на очниот притисок, разгледување на очното дно со индиректна биомикроскопија и периметрија. Затоа е од огромно значение редовно следење на споменатите параметри кај пациен ти болни од Глауком.